Тромава шриланканска мечка
Тромава мечка од Шри Ланка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Ursidae |
Род: | Melursus |
Вид: | Melursus ursinus |
Триномен назив | |
Melursus ursinus inornatus Pucheran, 1855 |
Тромавата мечка од Шри Ланка (Melursus ursinus inornatus) е подвид на тромавата мечка. Живее во низинските шуми на островот Шри Ланка.
Оваа мечка е сештојад. Се храни со лешници, бадеми, бобинки и корења, но и со месо и мрша. Главен извор на храна и се инсектите кои ги наоѓа во гнили трупци или дрва благодарение на издолжената муцка. Многу ретко убива други животни и е голем љубител на медот.
Националниот парк Јала е најпознатото место во Шри Ланка каде што може да се набљудуваат овие животни.
Заштитен статус
[уреди | уреди извор]Овој подвид на тромава мечка е сериозно загрозен. Популацијата брои помалку од 1000 единки (во дивината бројката веројатно е околу 500) во неколку изолирани популации чиј број константно се намалува. Уништувањето на шумите е најголема закана за тромавите мечки, бидејќи за разлика од останатите големи животни на Шри Ланка, овие животни се целосно зависни од шумите каде се снабдуваат со храна.
Text is available under the CC BY-SA 4.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.