For faster navigation, this Iframe is preloading the Wikiwand page for Носии од Полог.

Носии од Полог

Женска носија од Долни полог изложена во Музејот на Подмочани
Невестинска носија од Горни Полог
Носија од с. Челопек, Подгора

Во пределот Полог се среќаваат три различни носии - носија од Долни Полог и носија од Горни Полог, кои се издвојуваат една од друга како по композицијата и кројките, така и по техниката и материјалот на нивното украсување. Во рамките на пределот Полог, регионирана само во пет села под планината Сува Гора (област Подгора), се среќава уште една носија која се разликува од споменатите две, како по општиот изглед и композиција, така и по начинот, техниката и колоритот на украсувањето. [1]

Носија од Долни полог

[уреди | уреди извор]

Женската носија

[уреди | уреди извор]

Женската Долнополошка носија во некои украсни елементи и везбени декорации има сличности со таа во Скопска Црна Гора. Впечатлива е белата долга и тешка кошула, богато извезена со црн релјефен вез и окца од срмен тел по целиот долен дел, повеќе од задната а помалку од предната страна, која е покриена со две скутини - голема завјачка и мало скутинче опашани една врз друга.

Жени во носии од с. Лешок, Долни Полог (1890, крај на XIX век)

Горните облеки од бела клашна или платно, диференцирани по возраст - саја голема, салтафере, клашеник салтафере, горник, шубаре - имаат одредена функционална намена во одредени возрасти на жената, а секоја од нив има свои естетски одлики. Невестинската носија е дополнета со бројни декоративни елементи - срамуалка, појас со с'скавци, додатни ракавчиња завраќалке, украсни вотузи и разновиден накит, кои на носијата и придаваат специфична одлика и посебен естетски ефект.

На главата се носи фес со подгушник, сокајче, а се покрива со бела крпа, по која соседите на жените од Долни Полог им го дале етнонимот белокрпки. Невестинството се одбележува со бела покривка за глава - крпка чкораа, извезена со геометриски мотиви од свилени конци, и наплитци-низа од плетенки од црна волна. [2]

Машката носија

[уреди | уреди извор]

Мажите од овој предел (со исклучок на селата Јеловјане и Урвич со горанско население) на голо тело носеле кошула од памучно платно со широки ракави, кои биле заменети на краевите со манжетни „запески“, и гаќи од исто платно, кои во летото се носеле како горна облека, а во зимата се носеле гаќите под панталони тн. „чашире“.

Тие биле изработени првин од бела клашна, а подоцна биле прифатени и во црна и кафеава боја. Истите се притегнувале со врвца „учкир“ околу половината. Чаширите кои биле изработени во потемните бои биле најчесто носени од постари лица, опточени со три реда гајтани, а помладите лица и младоженци облекувале бели чашири со пет реда гајтани. Се мисли дека темните чашири биле прифатени подоцна од белите чашири.

Маж во носија од с. Лешок, Долни Полог (почеток на ХХ век)

Над сите облеки можеле да носат: елек (безракавен) од црна клашна, со црни гајтани по рабовите кој се преклопува и закопчува, подоцна заменат со џамадан од ригесто памучно платно/темноцрвена чоја/плиш, а бил украсен со жолта срма и црни свилени гајтани, и минтан од црна клашна кој се преклопувал и закопчувал, подоцна изработен од пругаста памучна ткаенина која била опточена со црни гајтани или од ригеста ткаенина опточена со срма. Над сите облеки се нослело црно клашнено гуњиче со куси ракави до лактите, долго до појасот, и со правоаголно парче кое се користи како ќулавка. Гуњичето е исто така украсено со црни гајтани по работ. Над сите облеки, сточарите носеле безракавна клашнена гуња/зубан во зимско време.

Околу половината над чаширите и кошулата се обвиткувал волнен појас кој бил 3-4 метри долг и 20см широк, четворно-ткаен на темноцрвена основа со реси на крајот, а бил украсен со срма за младите мажи. На нозете носеле волнени чорапи кои биле куси до листовите и опинци од свинска или говедска кожа со врвци „опути“ за врзување, а за празнични прилики носеле кондури. Над нив понекогаш носеле калчиње/калчинки – вид на црни клашнени подколеници кои биле украсени со црни гајтани, и истите се закопчувале со копци. Исто така над нив можеле да носат и тозлуци од чоја кои се заврзувале под  колената со тесно ткаено појасче тн. „каница/дизгија“. На главата, мажите носеле или шапка од бела или црна јагнешка кожа, или пак крзнена шубара која ја купувале од градот. [3][4][5][6]

Носија од Горни полог

[уреди | уреди извор]
Селани на свадба во носии од селото Стенче, Горни Полог (1939)

Женската носија

[уреди | уреди извор]

Женската носија во Горни Полог се издвојува како посебна со појавата на облеки со карактеристичен крој (многу клинеста широка кошула) и поинаков начин на украсување (везови и украси од срма), како и застапеноста на две скутини од кои предната опрегач преен е подолга, украсена со вез во разни бои и рески, а задната опрегач заѓен, е покуса, црна и многу набрана.

За големото руо - невестинско, е наменета најубавата и најшироката кошула, онаа со 30 клинови, киндои, потоа р'каи - кусо кошулче со ракави, сето извезено со бела срма и разнобојна каделка (индустриски предени волнени конци), потоа клашеник - горна облека од бела клашна, богато и раскошно украсена со разновидни мотиви од бела срма.

Машка носија од Горни Полог изложена во Музејот на Македонија

Се опашувале со појас - колун со китки, со долги разнобојни рески и срмени тркалца, кои при опашувањето паѓаат на колковите, и ì придаваат на оваа носија посебен декоративен и впечатлив изглед. Покрај срмениот сокај - врски, и богато извезената со срма покривка за глава - преврзок, со венец, невестите во своето големо гувеалско руо носеле и многу накит гердани, наметушки, тепелаци, ушници.

Оваа богата носија, изобилно украсена со вез од срма, срмени ширити, гајтани и многу накит е една од најскапите носии во Македонија, а има и податоци дека некои нејзини делови се набавувале, непосредно или посредно, дури од Левант. [2]

Машката носија

[уреди | уреди извор]
Жени во носии од с. Зубовце, Горни Полог (1920)

Мажите во овој дел од Полог носеле бела платнена кошула со рамни и широко-отворени ракави, или набрани со манжетни. Над неа носеле разни допојасни облеки од „алаџа“: антерија (со срмен вез), минтан (со гајтани) и „јелек“ од црвено кадифе со срмен вез. На нозете носеле црни/бели клашнени чакшири со црни гајтани, кои во овој регион биле наречени „беневрици“. Над се носеле црна клашнена џулија, допојасна облека со куси ракави и правоаголна јака која се формирала јака по потреба. Половината се опашувала со појасарчлија“ од купечки памук.

На нозете носеле чорапи од волнена преѓа, орнаментирани во комбинација со златна срма на црвена и зелена основа, најорнаментирани од кои се зетовските чорапи; а на главата носеле црвен турски фес без чалма, заменат со „качула“ од црна јагнешка кожа, како вид на шубара. Сточари над се носеле кожен кожув, долг до колената и со куси ракави. [5]

Носија од селата под Сува Гора

[уреди | уреди извор]

Народната носија од Подгора во Полог е застапена само во овие пет села: Челопек, Милетино, Блаце, Жеровјане, Теново и Радиовце, кои се расположени во подножјето на Сува Гора. Женската носија од овој крај е мошне декоративна и богато украсена со прекрасен вез и разни други украси, кои многу потсетуваат на некогашните средновековни болјарски носии што се среќаваат фреските од 14 век по македонските манастири.

Маж облечен во носија од село Радиовце, Подгора

Долгата бела платнена туниковидна кошула е украсена со богат и декоративен вез во густа гобленска и ажурна техника. Облеките што се облекуваат врз кошулата - елек од пругасто шарен материјал, саја од бело домашно платно со поткити од свилени конци и срма салтафере од бела клашна со везени украси, потоа ткаениот појас и плетените волнени чораби по начинот на украсување се складни со стилското единство, со карактеристични темни бои и акценти од бели ситни декоративни елементи - извезени, вткаени или вплетени, што на деловите од оваа носија им придава украсен мозаичен ефект.

Најмногу украсена и најдекоративна е носијата за невести со која, покриј богатството на извезените и вткаените мотиви и другите украсни додатоци се носи и многу монистрен и метален накит - кустек, узобразнице, подбрадник, ушници, пиришани, венец, китка. [2]

Машката носија ја изоставаме бидејки е скоро иста со онаа од Долни Полог. [5]

  1. Makedonski folklor: Le Folklore macédonien, Band 21,Ausgaben 41-42
  2. 2,0 2,1 2,2 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 147. ISBN 9989-649-25-1.
  3. Видиниќ, Горданче (2011). Носијата во Долни Полог – Тетовско. Скопје: Музеј на Македонија. стр. 56 до стр. 62. ISBN 978-9989917-51-6.
  4. Лешок и околните села - духовна и материјална култура (PDF). Скопје: Здружение Лешок. 2005. стр. 185. ISBN 9989-2507-0-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-11. Посетено на 2023-06-15.
  5. 5,0 5,1 5,2 Здравев, Ѓорѓи (1996). Македонски Народни Носии I. Скопје: Матица Македонска. стр. 47, стр. 51 и стр. 54. ISBN 9989-48-009-5.
  6. Петров, Ѓорче (1896). Материјали по изучувањето на Македонија (PDF). Софија: Печатница „В'лков“. стр. 443.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
{{bottomLinkPreText}} {{bottomLinkText}}
Носии од Полог
Listen to this article

This browser is not supported by Wikiwand :(
Wikiwand requires a browser with modern capabilities in order to provide you with the best reading experience.
Please download and use one of the following browsers:

This article was just edited, click to reload
This article has been deleted on Wikipedia (Why?)

Back to homepage

Please click Add in the dialog above
Please click Allow in the top-left corner,
then click Install Now in the dialog
Please click Open in the download dialog,
then click Install
Please click the "Downloads" icon in the Safari toolbar, open the first download in the list,
then click Install
{{::$root.activation.text}}

Install Wikiwand

Install on Chrome Install on Firefox
Don't forget to rate us

Tell your friends about Wikiwand!

Gmail Facebook Twitter Link

Enjoying Wikiwand?

Tell your friends and spread the love:
Share on Gmail Share on Facebook Share on Twitter Share on Buffer

Our magic isn't perfect

You can help our automatic cover photo selection by reporting an unsuitable photo.

This photo is visually disturbing This photo is not a good choice

Thank you for helping!


Your input will affect cover photo selection, along with input from other users.

X

Get ready for Wikiwand 2.0 🎉! the new version arrives on September 1st! Don't want to wait?