For faster navigation, this Iframe is preloading the Wikiwand page for Именка.

Именка

Примери
  • Мачката се качи на масата.
  • Пишувам со сино пенкало на бела хартија.
  • Во градината имаше прекрасни лалиња и рози.
  • Киро Глигоров е првиот претседател на Република Македонија.

Именка — менлив збор кој го содржи белегот опредметеност, и може да се јави како подмет, предмет, прилошка определба, именски дел од прирокот, а вршат и атрибутска служба во реченицата.[1]

Синтактичките правила за именките се разликуваат од јазик до јазик. Во македонскиот јазик, именките се зборови кои како што е погоре споменато опишуваат предмети или појави или пак одделни имиња на некои предмети или појави, според тоа тие се делат на општи и сопствени именки, кои се разбира се делат на подгрупи.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во францускиот и англискиот јазик зборот доаѓа од латинскиот збор nomen кој значи „име“. Зборовните групи како именките за првпат биле објаснети од санскритскиот граматичар Панини и Старите Грци како Дионисиј Тракс. Тие биле дефинирани со изрази од нивните тогашни морфолошки знаења. На пример, во Стара Грција, именките ги споредувале со падежите, како дативот и акузативот

Видови именки

[уреди | уреди извор]

Традиционално, именките се делат на:

1. Општи именки

  • означуваат родов поим (еднородни предмети или суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река)
  • го означуваат материјалот или составот (материјални) (железо, вода, сол, шеќер)
  • означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина (збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма (народ, население, мебел)

2. Сопствени именки

  • означуваат имиња на луѓе и животни (Јана, Драгица, Матеј, Арес),
  • географски имиња (Вардар, Водно, Скопје),
  • имиња на празници (Митровден, Осми март, Божиќ),
  • имиња на институции (Средно градежно-гимназиско училиште „Здравко Цветковски“),
  • имиња на уметнички дела, весници, емисии, итн. („Крпен живот“, „Вечер“, „Ексклузив“),
  • имиња на објекти (Камен мост, Кале, Соравија, Ресторан „Букет“).

Сопствените именки се пишуваат со голема буква.

Според тоа, дали можеме да ги допреме предметите, односно појавите, разликуваме:

  1. Конкретни именки - означуваат материјални предмети (маса, камен, дете, планина, чаша, вода, итн.)
  2. Апстрактни именки - означуваат нематеријални предмети (љубов, воздух, среќа, тага, омраза, ден, вторник, лето, итн.)

Род на именките

[уреди | уреди извор]

Секоја именка во македонскиот јазик си има свој род: машки, женски или среден. Родот е содржан во именката и тој не може да се промени.

На пр.: човек - машки род; жена - женски род; дете - среден род.

Родот го има само во еднинската форма на именката.

На пр.: клупа (именка од женски род - таа клупа), но: клупи (не може да го определиме родот, па затоа го определуваме според еднинската форма).

Именките најлесно се определуваат според непроменливоста на родот.

На пр.: ако не сме сигурни каков вид е зборот работливост - ќе му го провериме родот. Тој збор е од женски род (таа работливост). Ако се обидеме да го промениме родот - нема да успееме, односно не можеме да го направиме од машки или среден род, како што тоа можеме да го направиме кај придавките (работлив, работлива, работливо).

Бројот на именките

[уреди | уреди извор]

Кај именките разликуваме два броја: еднина и множина.

Со еднина се означува еден предмет (суштество, појава), а со множина - повеќе од именуваните предмети.

Најчесто, именките (општите конкретни и дел од апстрактните) имаат и еднина и множина.

Но, има именки што се јавуваат само во еднинска форма и такви што се јавуваат само во множинска. Само во еднина ги среќаваме:

Само во множина ги среќаваме именките: панталони, очила, гаќи, ножици, итн.

Видови множина

[уреди | уреди извор]

Во македонскиот јазик разликуваме три вида множина: обична, избројана и збирна.

1. Обичната множина означува дека имаме повеќе (множество) од именуваните предмети. На пр.: маж - мажи; маса - маси; село - села.

2. Избројаната множина се однесува на точно избројани предмети. Пред ваквата множина секогаш стои број или прилог за количество.

На пр.: 2 молива, 5 снопа, 3 листа, неколку часа, итн.

3. Збирна множина - означува колективно единство од повеќе предмети ( ја прават именки од машки род).

На пр.: снопје, лисје, ридје/ридишта, краишта.

Определеност кај именките (член)

[уреди | уреди извор]

Карактеристично за македонскиот јазик е членувањето (определувањето) на именките со наставки. Кога една општа именка членуваме, значи дека конкретниот предмет сме го издвоиле од мноштвото такви истородни предмети.

На пр.: Читам книга. Именката „книга“ е нечленувана и неопределена. (Читам некоја книга.) Но : Ја читам книгата.

Во овој пример членуваната именка „книгата“ означува издвоен, точно определен предмет. Соговорникот точно знае за која книга станува збор.

Именките што не се членувани се неопределени.

За определување се користат следните членски морфеми:

  • от, - та, - то, -те;
  • ов, - ва, -во, - ве;
  • он, - на, - но, - не.

Која од претходните наставки ќе ја употребиме зависи од родот, завршетокот и бројот на именката.

Освен со значење на општо определување, членот го употребуваме и со пространствено значење:

  • членот: -от, -та, -то; -те; се користи за означување на предмети кои се блиску до лицето со кое се зборува.

На пр.: Дај ми го моливот. (Моливот е во близина на соговорникот).

- членот: -ов, -ва, -во; -ве; се употребува за предмети кои се блиску до лицето кое зборува.

На пр.: Земи го моливов. (Моливот е во близина на тој што зборува).

- членот: -он, -на, -но; -не; се употребува за предмет оддалечен од двајцата соговорници.

На пр.: Земи го моливон. (Моливот е оддалечен и од двајцата соговорници).

Форми на обраќање кај именките

[уреди | уреди извор]

Во сите словенски јазици, освен македонскиот и бугарскиот, за означување на разни односи на зборовите во реченицата се употребуваат падежните форми на именските зборови. Но, во нашиот јазик, падежите се загубиле, а таквите односи се прикажуваат со други средства, најчесто со предлози.

Сепак, остатоци од падежите среќаваме кај некои зборови и во македонскиот јазик.

(На пример, кај именките - вокативот, кај заменките - дативот и акузативот.

На пример, кај заменките, номинативната форма е ЈАС, но за означување на поинакви односи, останале и формите МЕНЕ МЕ (акузатив) и МЕНЕ МИ (датив). Поради тенденцијата за опишување на односите со предлози, многу често неправилно се употребува НА МЕНЕ МИ, бидејќи предлогот НА ја презел функцијата на некогашниот датив.)

Падежната форма за обраќање е вокатив. Од оваа форма имаме остатоци во македонскиот јазик најчесто кај именките кои означуваат човечко суштество.

На пр.: жено, господине и сл.

1. Кај именките од машки род формата за обраќање се образува со наставките: -у и -е. Првата (-у), почесто ја среќаваме кај едносложните, а -е кај повеќесложните зборови, а некои именки ги среќаваме со двете наставки.

На пр.: маж - мажу, вол - волу, коњ - коњу; професор - професоре, господин - господине; овчар - овчаре, овчару, итн.

Личните имиња што завршуваат на самогласка немаат вокативна форма, а оние што завршуваат на согласка се прават со наставката - е (Зоране, Горане, Стојане).

2. Кај именките од женски род формата за обраќање се образува со наставките: -е и -о. Наставката -е, почесто се употребува кај повеќесложните именки на -ица или -ка (Милице, директорке); додека другите прават со наставката -о (ќерко, вештерко, сестро).

3. Именките од среден род немаат вакви форми.

Образување на именките

[уреди | уреди извор]

Во македонскиот јазик имаме многу продуктивни наставки од кои се изведуваат нови именки и на тој начин се збогатува речникот. Се разбира, голем е бројот на основните (неизведените) именки, но тука ќе ги разгледаме именките кои се образувани од други видови зборови. Именките се образуваат на повеќе начини: без наставки (жал), со наставки (жалба), со претставки (натпревар), со претставки и наставки (изградба) и сложени од два збора (вратоврска).

Именки образувани од глаголи

[уреди | уреди извор]

Именките може да се образуваат од глаголи безнаставно: чекор, збор, настан, помин.

Најчести наставки се:

  • -ец : борец, ловец, стрелец;
  • -ик, -ник : галеник, затвореник;
  • -тел : родител, учител, пријател, писател;
  • -ње : викање, одење, стоење; (глаголска именка)
  • -ба : изградба, состојба, молба, приредба;
  • -ач : купувач, водач, тепач;
  • -еж : грабеж, палеж, грмеж, метеж;
  • -а : работа, смеа, врева, игра, покана, мака;

Именки образувани од придавки

[уреди | уреди извор]

На основата од придавката се додаваат следните наставки:

  • -ец : старец, убавец, слепец;
  • -ство : богатство, мајчинство;
  • -ина : широчина, височина, тежина, светлина;
  • -ост : милост, старост, гордост;
  • -отија : самотија, тешкотија, глувотија.

Именки образувани од броеви

[уреди | уреди извор]

И од броевите може да се образуваат именки, и тоа со:

  • -ица : единица, десетица;
  • -ка : петка, двојка, тројка, шестка, седумка;
  • -ина : половина, третина.

Именки образувани од именки

[уреди | уреди извор]

Од една именка со додавање на наставки може да образуваме други именки:

  • -ник : патник, љубовник, правник, зелник;
  • -ар : чевлар, овчар, рибар;
  • -ка : ѕверка, овошка, ногалка;
  • -ец, -анец, -анин, -чанец (припадници на народности или населени места): Македонец, скопјанец, битолчанец, римјанин.

Именките во реченицата

[уреди | уреди извор]

Именката врши најразлични служби во реченицата, стапува во различни односи, а тоа не наоѓа свој надворешен израз, односно нема никаква промена на формата на именката, туку тоа се изразува преку нејзиното место во реченицата.

1. Именката е најчесто подмет во реченицата.

На пр.: Детето спие. Човекот работи.

2. Се јавува како составен дел на прирокот - именски прирок.

На пр.: Петре е овчар. Ти си ученик.

3. Се јавува како дополнение:

а) Предмет (дополнение на глаголот).

На пр.: Го видов овчарот.

б) Атрибут (дополнение на именката).

На пр.: сила работа, домаќин човек, ручек време.

Македонски јазик и литература - втора година реформирано гимназиско образование

  1. Loos, Eugene E., et al. 2003. Glossary of linguistic terms: What is a noun?
{{bottomLinkPreText}} {{bottomLinkText}}
Именка
Listen to this article

This browser is not supported by Wikiwand :(
Wikiwand requires a browser with modern capabilities in order to provide you with the best reading experience.
Please download and use one of the following browsers:

This article was just edited, click to reload
This article has been deleted on Wikipedia (Why?)

Back to homepage

Please click Add in the dialog above
Please click Allow in the top-left corner,
then click Install Now in the dialog
Please click Open in the download dialog,
then click Install
Please click the "Downloads" icon in the Safari toolbar, open the first download in the list,
then click Install
{{::$root.activation.text}}

Install Wikiwand

Install on Chrome Install on Firefox
Don't forget to rate us

Tell your friends about Wikiwand!

Gmail Facebook Twitter Link

Enjoying Wikiwand?

Tell your friends and spread the love:
Share on Gmail Share on Facebook Share on Twitter Share on Buffer

Our magic isn't perfect

You can help our automatic cover photo selection by reporting an unsuitable photo.

This photo is visually disturbing This photo is not a good choice

Thank you for helping!


Your input will affect cover photo selection, along with input from other users.

X

Get ready for Wikiwand 2.0 🎉! the new version arrives on September 1st! Don't want to wait?