Знаме на Грција
![]() | |
Употреба | државно и пловно знаме ![]() ![]() |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 22 декември 1978 |
Опис | Девет хоризонтални ленти во сина и бела боја, додека во кантонот има бел ккрст на сина позадина. |
![]() | |
Варијанта на знамето на Грција | |
Назив | Претседателско знаме. |
Сразмер | 1:1 |
Усвоено | 1975 |
Опис | Сино знаме со грбот на Грција во средина. |
![]() | |
Варијанта на знамето на Грција | |
Назив | Церемонијално знаме |
Употреба | државно знаме ![]() ![]() |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 1828 |
Опис | Бел крст на сина позадина. |
Знамето на Грција (грчки: Σημαία της Ελλάδος, народно нарекувано Γαλανόλευκη или Κυανόλευκη; „небесно сино-белото“) е засновано врз девет еднакви хоризонтални ленти во сина боја наизменично со бела. Во горниот лев агол на кој се вее знамето има син квадрат во кој има бел крст; крстот го симболизира грчкото православие, државната религија, и религијата на народот на Грција. Според народната традиција, деветте ленти ги претставуваат деветте слога од мотото „Ελευθερία ή Θάνατος“ ("Слобода или смрт", „Е-леф-те-ри-а и Та-на-тос“), петте бели ленти за слоговите на „Έλευθερία“, и останатите бели за „ή Θάνατος“. Исто така постои друга теорија според која деветте ленти ги симболизираат деветте музи, божиците на уметноста и цивилизацијата (бројот девет бил еден од традиционалните броеви на Грците).[1] Официјалниот сооднос на знамето е 2:3.[2]
Поморска и цивилна енсигнија
Моменталната поморска и цивилна енсигнија е идентична со националното знаме.
Простата шема бел крст на сино поле се користи исто така како поморско знаме на морнарицата и е основната шема за поморските воени рангови. Овие знамиња се опишани во поглавје 21 (членови 2101-30) на поморските регулации.
Двоглавиот орел
![](https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c7/Flag_of_the_Greek_Orthodox_Church.svg/150px-Flag_of_the_Greek_Orthodox_Church.svg.png)
По потпаѓањето на Цариград под Отоманското Царство двоглавиот орел станал силен „национален“ симбол на Грцијте (но сепак значително помалку од крстот), кој се наоѓал на многу знамиња, особено за време на востанија и буни. Најкарактеристичен пример е знамето на Православната црква која до ден денес користи византиски знамиња со орелот, обично црн на жолта/златна позадина. Но по отоманските освојувања овој симбол се нашол и во „новиот Цариград“ (или Третиот Рим), т.е. Москва. Русија, под силно влијание на Византиското Царство, се сметала себе за нејзин наследник и го присвоила двоглавиот орел како нејзин империски симбол. Исто така бил присвоен од Србите, Црногорците, Албанците и број на западни владетели, најзабележителни од кои Германија и Австрија.
Извори
- ↑ Официјално мрежно место на грчката армија: Η καθιέρωση της ελληνικής σημαίας. (грчки)
- ↑ The Flag, од мрежно местото на претседателството на грчката република Архивирано на 15 октомври 2008 г. (грчки)
Додатни извори
- Ј. Нухакис, „Нашето Знаме“ Атина 1908.
Поврзано
Надворешни врски
- Претседателство на грчката република: државни симболи, знамето Архивирано на 15 октомври 2008 г. (англиски)
- Грција: Индекс на сите поврзани страници на Flags of the World (англиски)
- Статија за грчкото знаме на мрежно местото на грчката армија Архивирано на 4 март 2009 г. (грчки)
- Постара статија за грчкото знаме на мрежно местото на грчката армија (грчки)
- Грчки знамиња за време на отоманската ера Архивирано на 11 март 2007 г. (грчки)
Галерија
-
Шаблон за конструкција на знамето.
-
Бискупот Германос од Патра го благословува знамето на грчките бунтовници во манастирот Агиа Лавра, 1821
-
Трговското поморско знаме (1822–28) Dubious - discuss
-
Трговското поморско знаме (1822–28) Dubious - discuss
Наводи
Text is available under the CC BY-SA 4.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.