Зимски олимписки игри 1952
VI Зимски олимписки игри - Осло 1952 | |
Град домаќин | Осло, Норвешка |
Број на држави | 30 |
Број на спортисти | 694 (585 мажи и 109 жени) |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 22 |
Отворање | (({Отворање))} |
Затворање | 25 февруари 1952 |
Стадион |
VI Зимски олимписки игри се одржале од 14 до 25 февруари 1952 година во Осло, Норвешка. Со тоа, Зимските оимпсики игри за првпат биле организирани во Скандинавија, од каде што се смета дека потекнуваат современите зимски спортови.
Во натпреварувачката програма на игрите, за првпат биле вклучени и натпревари во скијачко трчање за жени.
Избор на град-домаќин
[уреди | уреди извор]Градот Осло бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на уште два града. Гласањето се одало на 40. седница на МОК, која се одржала во Стокхолм на 21 јуни 1947 година. Со изборот, Осло станал првиот и досега единствен град, кој за време на одржувањето на Зимските олимписки игри бил главен град на земјата-домаќин на игрите.[а] Ова биле првите Зимски олимписки игри, за кои градот-домаќин бил избран по пат на гласање од страна на претставници на земјите-членки на МОК.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1952[1] | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | |||
Осло | Норвешка | 18 | |||
Кортина д'Ампецо | Италија | 9 | |||
Лејк Плесид | САД | 1 |
Краток преглед
[уреди | уреди извор]- Домашниот натпреварувач Јалмар Андерсен освоил три златни медали во брзо лизгање (во трките на 1500, 5000 и 10000 m).
- Во алпско скијање, Андреа Мид Лоренс од САД освоила златни медали во слалом и велеслалом.
- Спортот бенди бил демонстративен спорт, но повеќе никогаш не бил дел од Олимписките игри.
- Хокеарската репрезентација на Канада ја продолжила доминацијата во хокеј на мраз, освојувајќи го петтото злато на шестиот олимписки турнир.
Спортови
[уреди | уреди извор]Спортистите биле одликувани со медали, натпреварувајќи се во 22 дисциплини во 6 спортови. Демонстративен спорт бил спортот бенди, кој претставува варијанта на спортот хокеј на мраз, но не се игра со стандардната плочка (пак), туку со топче.
|
|
Распоред на натпревари
[уреди | уреди извор]Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● | Церемонија на отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]Вкупно 694 спортисти од рекордни дотогаш 30 земји улествувале на Зимските олимписки игри во Осло. Своето прво учество го забележале Нов Зеланд и Португалија. Повратници на Зимските олимписки игри биле Австралија, Германија[б] и Јапонија, а Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција не учествувале на игрите, иако учествувале во 1948 година.
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Норвешка | 7 | 3 | 6 | 16 |
2 | САД | 4 | 6 | 1 | 11 |
3 | Финска | 3 | 4 | 2 | 9 |
4 | Германија | 3 | 2 | 2 | 7 |
5 | Австрија | 2 | 4 | 2 | 8 |
6 | Канада | 1 | 0 | 1 | 2 |
Италија | 1 | 0 | 1 | 2 | |
8 | Обединето Кралство | 1 | 0 | 0 | 1 |
9 | Холандија | 0 | 3 | 0 | 3 |
10 | Шведска | 0 | 0 | 4 | 4 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- а Градот Сараево, иако денес е главен град на Босна и Херцеговина, за време на одржувањето на Зимските олимписки игри 1984 не бил главен град на земјата-домаќин (СФР Југославија).
- а Од трите држави кои ја сочинувале Германија, само Западна Германија испратила спортисти.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The International Olympic Committee Vote History“. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 2010-02-09.
Надворшни врски
[уреди | уреди извор]„Зимски олимписки игри 1952“ на Ризницата ? |
- Осло 1952, МОК
|
Text is available under the CC BY-SA 4.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.