Зимски олимписки игри 1932
III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932 | |
Град домаќин | Лејк Плесид, САД |
Број на држави | 17 |
Број на спортисти | 252 |
Број на спортови | 4 |
Број на натпревари | 14 |
Отворање | (({Отворање))} |
Затворање | 15 февруари 1932 |
Стадион |
III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари 1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.
Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Краток преглед
[уреди | уреди извор]- Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
- Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад Австриецот Карл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
- Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.
Спортови
[уреди | уреди извор]Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.
|
|
Распоред на натпревари
[уреди | уреди извор]Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
● | Церемонија ан отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]Поради влијанието на големата економска криза, на игрите учествувале само 252 спортисти од 17 земји. Немало земји, кои за првпат испратиле спортисти, а учеството во однос на претходните игри го откажале: Аргентина, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Холандија и Кралството Југославија.
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | САД | 6 | 4 | 2 | 12 |
2 | Норвешка | 3 | 4 | 3 | 10 |
3 | Канада | 1 | 1 | 5 | 7 |
4 | Шведска | 1 | 2 | 0 | 3 |
5 | Финска | 1 | 1 | 1 | 3 |
6 | Австрија | 1 | 1 | 0 | 2 |
7 | Франција | 1 | 0 | 0 | 1 |
8 | Швајцарија | 0 | 1 | 0 | 1 |
9 | Германија | 0 | 0 | 2 | 2 |
10 | Унгарија | 0 | 0 | 1 | 1 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зимски олимписки игри 1932“ на Ризницата ? |
- Лејк Плесид 1932, МОК
|
Text is available under the CC BY-SA 4.0 license; additional terms may apply.
Images, videos and audio are available under their respective licenses.